Делегација од Европската унија, предводена од евроамбасадорот Дејвид Гир беше во посета на Општина Вевчани и градоначалникот Спасе Кочовски, а воедно и на Вевчанскиот карневал.
На средбата беше разговарано за напредокот на Општина Вевчани и поддршката која во иднина ќе ја добие општината од Европската Унија.
Го посетивме „Вевчански карневал“, кој се одржува по повод Новата година според стариот календар. Со над 1.400-годишна традиција, карневалот е манифестација исполнета со забава, сатира, бои и музика. Амбасадорот Дејвид Гир го доживеа звукот на зурлите и тапаните, различните маски, персонификации и обичаи во еден различен битов амбиент! Благодарност до градоначалникот Кочовски за обиколката околу ова планинско село, претворено во исклучителна карневалска театарска сцена – напишаа на официјалната страна на Делегацијата на Европската унија-Скопје, а притоа објавија и фотографии од Вевчанскиот карневал.
Погледнете дел од атмосферата на Вевчански карневал 2023 година.
Фото/Делегација на Европската унија-Скопје