На 13.01.2023 во 12.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 33 годишно лице од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.