Извлечени паровите за баражот за СП 2010 од Евро зоната
Во Цирих беа извлечени паровите од европаксата зона за баражот за СП 2010 во Јужна Африка.
Во Цирих беа извлечени паровите од европаксата зона за баражот за СП 2010 во Јужна Африка.
Првите натпревари се играат на 14-ти, а реваншите се на 18-ти ноември. Русите може добија најлесен противник, а дефинитивно најинтересни треба да бидат дуелите меѓу Ирска и Франција, како и оној на БиХ со Португалија.
Франција, Португалија, Русија и Грција беа носители во овој ждреб.
Еве ги паровите:
Република Ирска – Франција
Португалија – Босна и Херцеговина
Грција – Украина
Русија – Словенија
Во истите термини ќе се одигра и американскиот бараж, каде Костарика се сретнува со Уругвај.
Додека на 14-ти ќе се одигра и возвратната средба меѓу Нов Зеланд и Бахраин, како и последното коло од африканските квалификации, по што таму ќе бидат познати уште 3 патници за СП и со тоа ќе се дадат сите 32 учесника на СП 2010.
Досега пласман обезбедија 23 селекции.
{loadposition content9}