Сообраќајни контроли
Казнети 13 возачи во Охрид
При засилени сообраќајни акциски контроли, санкционирани се 13 возачи во Охрид поради управување возила со брзина поголема од дозволената.
На 15.01.2023 година од 08 до 14 часот, на подрачјето на Охрид, реализирана е засилена сообраќајна акциска контрола.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 13 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (09-во населено место, 04-надвор од населено место.) – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


