Skip to main content

Финансиска поддршка

Истекува рокот за аплицирање за субвенции на нови авиолинии

Во четврток 19-ти јануари истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка за нови авиолинии, што на крајот на минатата година го објави Министерстото за транспорт и врски. Јавното отворање на барањата ќе се одржи в петок, 20-ти јануари, во 12:00 часот, а на повикот ќе можат да се изберат повеќе авиокомпании.
 |  инфодеск  | 
Скопски аеродром

Кон крајот на оваа недела, поточно во четврток 19-ти јануари истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка за нови авиолинии. Апликациите треба да се достават до 12 часот во архивата на МТСВ. Државата ќе доделува субвенции од седум евра по патник за нови авиолинии што ќе бидат воведени на Скопскиот аеродром и по 4,5 евра по патник од аеродромот во Охрид, со јавниот повик за финансиска поддршка за наредните три години изјави Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Секоја нова дестинација за која се одредува финансиска поддршка, а ќе оперира од аеродромот „Св. Апостол Павле“ од Охрид треба да не биде опслужувана во последните две IATA  сезони од и до двата аеродроми во земјава – истакна Бочварски.

Охридски аеродром

Повикот е различен од претходните и на него можат да се изберат повеќе авиокомпании, како и дека е во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска Унија.

Авиопревозникот кој ќе биде избран да користи субвенции е должен секоја нова дестинација воспоставена од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува финансиската поддршка, да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање. Да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, а на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт и врски за своето работење – појаснува Бочварски.

Јавното отворање на барањата ќе се одржи в петок, 20-ти јануари, во 12:00 часот. Бочварски потенцираше дека целата постапка ќе се одвива на јавен и транспарентен начин, а ќе се избрани авиокомпании кои ќе достават најдобри понуди согласно објавените критериуми.