Струга бара помош од Владата за изградба на стационар за уличните животни
Општина Струга изработи проект за изградба на прифатилиште за бездомни кучиња. Градоначалникот сега бара помош од Владата да помогне во реализацијата, преку заеднички средства или од ИПА фондовите.
Мерко вели општините немаат капацитет сами да се справат со проблемот со бездомните животни. Потребни се итни измени во законот, грижата да ја преземе Агенцијата за храна и ветеринарство, а општините финансиски да партиципираат.
Ние веќе поднесовме барање за измена на законот за заштита на животните, со тоа што апелираме до централната власт оваа обврска се решава само институционално преку институции на централната власт односно АХВ – вели градоначалникот Рамис Мерко.
Стружани гневни и револтирани, велат состојбата со уличните кучиња псоледните години е алармантна. Секојдневно има напади од агресивни кучиња врз деца и возрасни.
Во изминатите две години во Струга од улични кучиња има огромен број нападнати граѓани, што општината ја чинат илјадници евра оштета. Активистите велат со тие пари може да се изгради и одржува соодветно прифатилиште.
Општината во буџетот за 2023 година издвои 10 000 евра за стерилизација, кастрација и обележување на бездомните кучиња. За оваа намена во тек е тендер за избор на соодветна фирма.
Новинар : Соња Рилковска