Гувернерот на Ротари дистриктот 1912 во посета на Ротари клуб Охрид
На вчерашниот состанок на Ротари Клубот Охрид, раководството и членовите на клубот имаа чест и задоволство да бидат домаќини на Гувернерот на Ротари дистриктот 1912 кој го сочинуваат клубовите од Словенија и Македонија, г-динот Раде Христовски од Ротари Клубот Битола.
Ротари Клубот од Охрид важи за еден од првите Ротари клубови во Македонија и претставува важна алка на Ротаријанството како во Македонија, така и пошироко, клуб кој со својата долгогодишна дејност се истакнал со проекти од голема важност за нашата заедница, градот Охрид, околината и државата, притоа соработувајќи со клубови во и надвор од нашата земја на локални и меѓународни проекти кои до ден денес се во директен бенефит особено на нашата локална заедница.
Меѓу другото, Гувернерот на Ротари дистриктот 1912 на клубовите од Словенија и Македонија, г-динот Раде Христовски од Ротари Клубот Битола, е првиот македонски Гувернер на Ротари дистрикт, нешто што е од особена важност за нашите клубови и претставува потврда и признание за Ротаријанството во Македонија. Гувернерот важи за искрен пријател на Ротари Клубот Охрид, чија што посета е дел од агендата на Гувернерот за посета и присуство на состаноци на Ротари клубовите кои се дел од нашиот дистрикт – велат од Ротари клубот Охрид.
На состанокот на клубот стана збор за тековните работи и идните планови и активности во насока на реализација на проекти од важност на заедницата, како и зајакнување на Ротаријанското движење во Македонија.