Преку соработка до развојно иновативен центар
Делегација од Европска унија, составена од 21 амбасадор на држави членки на ЕУ, а предводена од шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Дејвид Гир, во посета на Охрид. Како дел од агендата беше и посетета на Касарна Хаб. Преку соработка на Локалните власти, младите, бизнис секторот Охрид може да стане развоен центар и да понди многу повеќе, а исто така и да биде град каде што ќе има можност за живот вели Амбасадорот Гир.
„Постојат луѓе во градот и земјата кои имаат одлични идеи за тоа како може да се стане поконкурентен, да се отворат повеќе работни позиции и да им се даде простор на младите да ги развијат и реализираат своите идеи. Меѓудругото прсторот Касарна го претставува токму тоа. Особено ни е мило што ќе можеме финансиски да ја поддржиме и физибилити студијата со која што ќе се утврди на кој начин ова прекрасно место ќе им пружи можности на граѓаните.“,кажа Дејвид Гир, Амбасадор на ЕУ во Македонија.
Гир потенцира дека дека многу е важно да се сослуша локалното население кое најдобро е запознаено со своето опкружување и може да даде најдобри насоки, како овој простор може да се искористи на најдобар начин.
„Навистина се надеваме дека локалните власти заедно со граѓанското општество, заедно со бизнисите и секако заедно со младите луѓе, ќе соработуваат се со цел овој центар го направат вистинска успешна приказна.“, истакна Амбасадорот Гир.
Амбасадорите при денешната посета на Охрид се сретнаа и со градоначалникот Кирил Пецаков, кој ги запозна со тековните и идни проекти кои би можеле да бидат поддржани од нивна страна.
Исто така Шефовите на мисии на ЕУ го посетија и Националниот парк „Галичица“ и планинската спасителна служба на Црвениот крст .