Водици
Исчистени локациите каде што ќе се фрла Светиот крст во Дебрца
Денеска се средуваа неколку локации низ Општина Дебрца каде што ќе се фрла Светиот крст по повод празникот Богојавление Водици.
Во пресрет на утрешниот празник Богојавление-Водици со општинската механизација извршивме средување на повеќе локации во општината каде ќе се фрла Светиот Крст, информираше градоначалникот Зоран Ногачески на официјалниот фејсбук профил.
Бог се јави! За многу години !



