Skip to main content

Нарушен јавниот ред и мир

Тепачка во зграда на улицата Ванчо Николески

Нарушен е јавниот ред и мир во зграда на ул. Ванчо Николески, со физички напад извршен од 40-годишен охриѓанец кон двајца сограѓани.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 18.01.2023 година во 19:55 часот, во зграда на улицата „Ванчо Николески” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.С.(40) кон Т.Р.(54) и М.Р.(29), сите од Охрид.

На нападот му претходеле закани кои Н.С. ги упатил кон двете лица на паркинг простор пред зградата. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР.