Skip to main content

Охридско струшки регион

Гир : Нелегалните градежни активности мора да запрат

Нелегалните градежни активности во охридско-струшкиот регион мора да запрат, порача евроамбасадорот Дејвид Гир. Тој е дециден дека мора да се преземе акција со цел да запрат овие активности, не само за зачувување на природното и културно наследство од овој регион во контекст на УНЕСКО, туки и поради зачувување на владеењето на правото во земјава.
 |  инфодеск  | 
Дејвид Гир

Нелегалните градежни активности во охридско-струшкиот регион мора да запрат. Во овој регион каде природните убавини ги има во изобилство, нелегалните градежни активности се јасна и присутна опасност, што и е нотирано во извештаите на рекативната комисија на УНЕСКО, порача при неговата неодамнешна посета на Охрид Евроамбасадорот Дејвид Гир.

Она што е важно да се напомене е тоа дека нелегалните градежни активности мора итно да запрат. По дефиниција станува збор за кршење на правото, поради што мора се преземе акција за да се спречи нелегалното градење – истакна Гир.

Инаку, главен фокус на посетата на евроамбасадорот и амбасадорите на земјите членки на ЕУ беше зачувување на уникатното природно и културно наследство на охридскиот регион признато од UNESCO, заедно со промоција на туризмот, иновациите и економските можности во регионот.

Во врска со постоечките и тековни нелегални градежни активности, мора да се преземат итни мерки, кои ќе вклучат голем број на институции, како судовите, обвинителствата, како локалната така и централната власт. Мора заеднички да настапат во справување со овој проблем – вели Гир.

Амбасадорите исто така остварија и вредни дискусии со претставници на граѓанските здруженија и експерти за културно наследство.