Skip to main content

Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Медиумски туристички кампањи за промоција на Македонија

Освен на промоцијата, фокусирани сме и на поврзување на дестинациите, нови авио линии кои ќе овозможат скратување на времето на патување и поврзување на Скопје и Охрид со голем број други дестинации во текот на годината, велат од АППТ.
 |  инфодеск  | 
Аппт

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот активно и оваа година работи на медиумски туристички кампањи во таргет земјите Полска, Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Косово и Турција.

Учеството на туристите од примарните земји од вкупниот број на странски туристи и остварени ноќевања е 30% за првите 11 месеци од 2022 година.

Аппт

Поради намален буџет, медиумската туристичка промоција на земјава нема да се реализира во Романија, Германија, Белика Британија, Холандија, Италија, Шпанија и Словенија, земји кои имаат значаен туристички потенцијал за зголемување на туристичкиот промет во Македонија.

Освен на промоцијата, фокусирани сме и на поврзување на дестинациите, нови авио линии кои ќе овозможат скратување на времето на патување и поврзување на Скопје и Охрид со голем број други дестинации во текот на годината – информираат од агенцијата.

Аппт