На 20.01.2023 година од 15 до 21 часот, преземени се сообраќајни контроли во Охрид.
Притоа, полициските службеници затекнале 19 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (10-надвор од населено место, 09-во населено место). Против нив, поднесени се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.