Учениците се вратија во училишните клупи
Зимскиот распуст заврши, започна второто полугодие
Денеска започна второто полугодие, откако зимскиот распуст со владина одлука беше продолжен за неколку дена, а учениците од основните и средните училишта по тринеделен одмор се вратија со физичко присуство во училишните клупи.
Распустот заврши, а учениците денеска повторно се вратија во училишните клупи.
Учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни (петок) затоа што, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, учениците треба да ги одработат сите 180 работни наставни денови.
Иако периодов има голем број заразени со сезонски грип, други вирусни и бактериски инфекции, но и корона, за здравствените власти, епидемиолошката состојба во Македонија е стабилна и засега нема да се воведуваат никакви дополнителни мерки, така што второто полугодие може да почне.
Претходната седмица распустот беше одложен поради празникот, а второто полугодие требаше да продолжи во петокот на 20-ти јануари.