Skip to main content

Зголемен бројот на барањата за азил

Бројот на поднесени барања за азил во развиените западни земји се зголемил за 10 отсто во првите шест месеци оваа година, а 80 отсто од тие барања доаѓаат од Авганистан.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Бројот на поднесени барања за азил во развиените западни земји се зголемил за 10 отсто во првите шест месеци оваа година, а 80 отсто од тие барања доаѓаат од Авганистан.

azilanti„Вкупно 185.000 барања се поднесени од јануари до јуни оваа година, посебно поради лошата состојба во Авганистан и Сомалија“, се наведува во соопштението објавено во среда во седиштето на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци(УНХЦР) во Женева.

Од тој број, околу 12.000 Авганистанци и 11.000 Сомалијци побарале азил во 40 индустриски развиени држави.
И покрај тоа, Ирачаните и натаму поднесуваат најмногу барања за азил и поднесуваат најголем број барања во последните четири години, се наведува во соопштението и се додава дека оваа година имало 13.200 барања од Ирак.
УНХЦР додава дека европските земји се најбарани, бидејќи 75 отсто од подносителите на барања за азил ја сакаат Европа, потоа САД, па Франција и Канада.

{loadposition content9}