Skip to main content

Неовластено изградил семејна куќа

Охриѓанец доби кривична за бесправно градење

Кривична пријава против 75-годишен охриѓанец кој на катарстарска парцела во Охрид, без да поседува одобрение за градба издадено од надлежен општински орган, неовластено изградил индивидуална семејна куќа.
 |  инфодеск  | 
Охрид градба езеро

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ќ.(75) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.

Тој, на катарстарска парцела во Охрид, без да поседува одобрение за градба издадено од надлежен општински орган, неовластено изградил индивидуална семејна куќа. По извршена инспекциска контрола од овластен градежен инспектор при Одделение за инспекциски надзор од општина Охрид, било донесено решение за отстранување на нелегалната градба – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.