Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Нови цени на горивата

Бензинот еуросупер БС-95 и дизелот од полноќ поскапуваат за половина денар, додека цената на бензинот еуросупер БС-98 останува иста.
 |  инфодеск  | 
Горива

Од вечерва на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката на РКЕ, бензинот еуросупер БС-95 и дизелот од полноќ поскапуваат за половина денар, додека малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98 денеска останува иста и нема да се менува.

Па така, литар еуросупер БС-95 од полноќ ќе чини 83 денари, литар дизел ќе се продава за 84 денари, а бензинот еуросупер БС-98 ќе чини 85 денари за литар.

РКЕ одлучи од полноќ за половина денар да се зголеми и цената на екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава за 83,5 денари за литар, а литар мазут, чија цена се зголемува за 0,228 денари, од полноќ ќе чини 41,042 денари за килограм.

Со оваа одлука, како што велат од Регулаторната комисија, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,47 отсто во однос на одлуката од 20 јануари годинава.