Инфлацијата ја успори реализацијата на Ohrid Go
Инфлацијата има влијание во поспората реализацијата на делови од проектот Ohrid Go. Старт ап центарот Касарна Хаб веќе функционира. Дополнително во состав на проектот финансиран од Европската Унија, предвидено е формирање градскиот систем на велосипеди, изградба на адреналински парк и пам ап трака во склоп на комлексот Касарна. Но светските економски неприлики доведоа до енормни поскапувања на ресурси и производи, што влијае и на реализацијата на овој проект, вели Ѓоко Апостолов раководител на сектор за ТЛЕР.
„Вршевме нови истражувања на пазарот, во оној момент кога се стабилизираа цените, донесовме одлука дека со програмата за 2023 година Општина Охрид, ќе вложи дополнителни средства за да се надополни празнината која што настана со зголемувањето на цените. Сега сме во фаза на промена на договорот со Делегацијата на Европска Унија, бидејќи ќе има нов буџет. Со неговото одобрување и практично ќе започнеме со реализација, односно подготовка на тендерска документација, објавување на тендер и искрено верувам дека до почетокот на летото ќе започнеме со реализација на овие активности.“, потенцира Ѓоко Апостолов раководител на сектор за ТЛЕР.
Реализацијата на овие активности за Охрид ќе значат нова туристичка понуда препознатлива за поразвиените европски градови. Со набавката на 50тина велосипеди кои туристите, но и охриѓани ќе можат да ги изнајмат, употребат, а потоа да ги остават на точно утврдени станици, ќе се овозможи многу полесна мобилност во градот.
„Предвидени се 10 станици на коишто корисниците ќе можат да ги земаат и оставаат велосипедите. Ќе се работи со апликација којашто ќе може да се инсталира на секој телефон, а плаќањето ќе биде преку таа апликација. Ќе бидат обучени луѓе кои ќе работат на сервисирање и прибирање на велосипедите. Она што можеме да го видиме во секој развиен град и во поразвиените држави ќе го видиме и во Охрид.“, кажа Апостолов.
Буџетот за реализација на Градскиот систем на велосипеди со новото поскапувањето е 168 илјади евра. Реализација пак на целиот проектот Ohrid Go треба да финишира месец мај идната година до кога треба да се завршат предвидените активности.