По објавениот прилог на Портал ТВМ www.tvm.mk на 24.01.2023г. – Работи ли домаќински ЈП „Градски Пазар“? денес, 25.01.2023г. добивме нов Одговор од ЈП „Градски Пазар“ на нашето Барање за пристап до информации од јавен карактер. Беше проследено образложение дека во претходно доставениот извештај на 24.01.2023г била направена техничка грешка и дека ни доставуваат нов Извештај со точна информација за исплатени суми на медиуми за период од 01.10.2022 – 31.12.2022 година.
Во иднина, да се надеваме дека службите во ЈП „Градски Пазар“’ ќе бидат повнимателни во изготвувањето на Извештаите, па нема да се случуваат т.н технички грешки кои ќе предизвикуваат реакции во јавноста.