Во Охрид денеска се одржа првата инфо сесија за предизвикот „Со дигитална трансформација до иновација”, организирана од Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со стартап центарот „Касарна Хаб“.
На настанот присуствуваа повеќе компании од земјоделско – прехранбениот и туристичкиот сектор, кои имаа можност да дознаат повеќе детали за предизвикот и критериумитe за аплицирање од страна на претставници на #ФИТР и Increasing Market Employability – IME.
Дигиталната трансформација е неопходен чекор кој мора да го превземат малите и средни претпријатија доколку сакаат да бидат поконкурентни и поуспешни на пазарот. Следната инфо сесија е во Скопје, на 31.01.2023 и ја организираме заедно со Стопанска комора на северо-западна Македонија – информираат од Фондот за иновации и технолошки развој.