Сообраќајни контроли
Казнети 18 возачи во Охрид, 48 во Струга
Санкционирани 18 возачи во Охрид кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Во Струга казнети 48 возачи.
На 29.01.2023 година од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 80 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-18, Струга-48, Кичево-05, Дебар-09) – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


