Во близина на средно училиште во струга
Гасен пиштол пронајден кај малолетник од струшко
Полициски службеници утрово привеле малолетно лице од струшко село, бидејќи кај него бил пронајден гасен пиштол.
Денеска, во близина на средно училиште во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга привеле малолетник од струшко село затоа што кај него бил пронајден гасен пиштол.
Околу 07:20 часот денеска на улица „Пролетски бригади“ во близина на средно училиште во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга привеле малолетник од струшко село затоа што кај него бил пронајден гасен пиштол – информира Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 80 од Законот за оружјето.


