Министерство за образование и наука
Основците ќе учат до 14-ти јуни, средношколците до 9-ти
Учебната година за учениците од основните училишта ќе заврши на 14 јуни, а за средношколците на 9 јуни, стои во објавата на сајтот на МОН.
| инфодеск | Македонија
Министерството за образование го измени календарот за организација и работа на училиштата за учебната 2022/2023 година со што основците остануваат во училишните клупи до 14 јуни, наместо до 9-ти. За средношколците во тој дел нема промена, тие ќе завршат на 9-ти јуни и летниот распуст ќе го почнат на 10 јуни.
МОН го продолжи зимскиот распуст и второто полугодие стартуваше на 23 јануари наместо на 18, како што е предвидено во календарот. Според календарот во учебната 2022/2023 година наставата се остварува во 180 наставни денови.
Измените се објавени на веб страницата на Министерството за образование.