Нема повредени лица
Пожар во куќа во Лескоец
Пожар во куќа во Лескоец, а интервенирала и територијалната противпожарна единица. За среќа нема повредени лица во пожарот.
На 01.02.2023 во 02.15 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар во куќа сопственост на Т.Д.(67) од охридското село Лескоец, во кој нема повредени лица.
Интервенирала територијалната противпожарна единица Охрид – информираат од СВР Охрид.


