Градежни активности
Се поставува канализациска линија на крак од ул. Илија Смически
Должината на линијата изнесува 102 метри, а вредноста е 423 000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Екипи на ЈП „Нискоградба“ изведуваат градежни активности за поставување на канализациска линија на крак од ул. „Илија Смически“ во село Лескоец.
Должината на линијата изнесува 102 метри, а вредноста е 423 000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.


