Skip to main content

Изгоре камион на „Македонски пошти“

Настанот се случил утрово во 4 часот и 50 минути на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

лого
logo

Настанот се случил утрово во 4 часот и 50 минути на магистралниот пат Гостивар – Кичево.  

logoСпоред првичните наоди на истрагата, во поштенскиот камион имало меѓународна пратка на производи, кои требало да се достават до Охрид.

Утрово поштенските пратки за Охрид не стигнаа. Изгоре Камионот на „Македонски пошти“, додека се движел од Гостивар кон Кичево. Повредени нема. Државен истражен судија , заменик јавен обвинител и екипа СВР Гостивар, извршиле увид на местото на настанот. „Во моментров се работи на целосно расветлување на поединостите поврзани со случајот“, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Од огнот изгореле кабината и целата содржина која се наоѓала во фургонскиот дел на Товарното возило „ман“ сопственост на „Македонски пошти“.
Според првичните наоди на истрагата, во поштенскиот камион имало меѓународна пратка на производи, кои требало да се достават до Охрид.

{loadposition content9}