Skip to main content

Соопштение

АВМУ со осуда за недоличниот однос на Бектеши кон новинарката Капковска

Носителите на јавни функции треба да се воздржат од изнесување лични ставови, коментари и етикетирања со кои се загрозува слободата на медиумите и може да води кон појава на самоцензура.
 |  инфодеск  | 
Аудиовизуелни услуги

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го смета за апсолутно неприфатлив недоличниот однос на министерот за економија Крешник Бектеши, кон новинарката на ТВ Канал 5, Катерина Капковска, за време на денешната прес конференција.

Носителите на јавни функции треба да се воздржат од изнесување лични ставови, коментари и етикетирања со кои се загрозува слободата на медиумите и може да води кон појава на самоцензура.

Агенцијата повторно апелира дека е неопходно да се вложат максимални напори за обезбедување поволен амбиент за непречено работење на медиумските работници, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на јавните органи.