Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Дизелот поевтинува за два денари

Со ваквата Одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98 отсто во однос на одлуката од 01.02.2023 година.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Од вечерва на полноќ цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство ќе се намали за два денари, додека на бензините останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според РКЕ, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 80 денари за литар, екстра лесното масло 78,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 86 денари за литар, а мазутот 41,346 денари за килограм.

Со ваквата Одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98 отсто во однос на одлуката од 01.02.2023 година.