Skip to main content

НУ Библиотека Григор Прличев

Монографија 70 години библиотека Григор Прличев

Содржи мемоари кои се однесуваат на датуми и луѓе кои не треба да бидат заборавени, вели авторот Милчо Јованоски. Неговото дело е продолжение на монографијата издадена во 1998 година од Маринела Јовановиќ.
 |  Валентина Неловска  | 

Промовирана монографијата „ 70 години библиотека Григор Прличев“ од Милчо Јованоски. Во пресрет на Прличевите беседи , одбележувањето на 130 години од смртта на поетот и преродбеник Прличев и 7о години постоење на НУ Библитеката се промовира делото кое изобилува со податоци и сеќавања за градската библиотека, како што ја нарекуваат охриѓани. Книгата е своевиден времеплов на настани во библиотеката кои се продолжение на делото на Маринела Јовановиќ со кое е опфатен перидот од 1952 до 1998 година. Во,најновата монографија се сместени датуми и луѓе кои треба да бидат сочувани од заборав за период од 25 години од 1998 до денес, а кои се однесуваат за библиотеката како култно место за многу генерации.

„Содржани се низа податоци од технички аспект. Колкав е просторот каде била селидбата на институцијата, бројот на вработените, раководните лица, запишаниот број на читатели , купени книги. Сето тоа е хроника на едно време која недостасува, а е поврзување на минатото со иднината“, вели Јованоски .


На библиотечните полици во националната установа библиотека Григор Прличев се изложени илјадници дела од најразлични автори, книги кои ја надживеаа брзата технолошка ера, додава авторот Милчо Јованоски. При тоа открива во кој период од овие изминати 7 децении бибилотеката била најпосетувана од читателите.

„Тоа е времето на 70 години и 80 години кога државата била во подем. Ќе речете социјализам, но имало дури и библиобус во рамките на библиотеката, а сега нема. Имало и поддрачни библиотеки сега го нема ни тоа. Се надеваме дека во иднина ќе има можности да се отворат во населбите и во приградските населби во нашата општина“, кажува Јованоски.

Библиотеката е формирана во 1945 година , а со работа започнува од октомври 1952 година. Од 1965 до 2006 година е лоцирана во зградата покрај Езеро кај Долна Порта. Од септември 2006 година се дислоцира во засебен објект кој е дел од Центарот за култура. Од 2021 година библиотеката се прошири во нови простории кои беа дел од дирекцијата на Охридско лето. Публикацијата на монографијате е подржана од Министерството за култура и општина Охрид.