Уште еден разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според податоците на EMSC, епицентарот на овој земјотрес бил на 13 километри јужно од Елбистан.
Според досегашните информации, повеќе од 1.200 луѓе загинале во разорниот земјотрес утринава, јави Си-Ен-Ен. Претходно турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека во земјотресот се уништени повеќе од 2.800 згради.