Skip to main content

Општина охрид

Украдени и оштетени дрвјата на патеката кон Горица

Младите стебла беа засадени во месец декември минатата година и беа предвидени со проектот на Светска Банка за реконструкција на бул „Македонски Просветители“.
 |  инфодеск  | 
Оштетени дрвја

Општина Охрид најостро го осудува чинот на крадење и кршење млади дрвја на просторот од Скејт Паркот до хотелот „Инекс“ – Горица. Вандалскиот чин го констатираа надлежните служби на локалната власт кои деновиве беа на увид при што беше констатирано дека од 123–те засадени  стебла од видот врба и даб на овој потег, три дабови дрвца се украдени, а четири скршени.

Оштетени дрвја

Младите стебла беа засадени во месец декември минатата година и беа предвидени со проектот на Светска Банка за реконструкција на бул „Македонски Просветители“.

Согласно проектот за едно пресечено дрво требаше да се засадат три нови. Од вкупно 219-те стебла, 96 се засадија на реконструираната улица, а останатите 123 на потегот од Скејт паркот до „Инекс“- Горица.

Оштетени дрвја