На повредените им посака брзо закрепнување
Пецаков изрази сочувство до семејствата на загинатите во земјотресот
Сочувство до семејствата на загинатите во разорниот земјотрес кој денес ја погоди Турција, изрази градоначалникот Кирил Пецаков.
„Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите по катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција. На повредените им посакувам побрзо закрепнување“, напиша градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков на официјалниот фејсбук профил.
„Охриѓани во овие тешки мигови со мислите се со народот на пријателска Турција“, додаде градоначалникот Пецаков.


