Skip to main content

Пукна ли тиквата меѓу Мекларен и Мерцедес?

Медиумските шпекулации во врска со раскинувањето на долгогодишното партнерство меѓу Ф1-тимовите на МекЛарен и Мерцедес се се побројни, а германски „Билд“ пишува дека токму овој викенд во Абу Даби ќе се започнат преговори за тоа.

 |  Крсте Голабовски  | 
bolid
болид
Медиумските шпекулации во врска со раскинувањето на долгогодишното партнерство меѓу Ф1-тимовите на МекЛарен и Мерцедес се се побројни, а германски „Билд“ пишува дека токму овој викенд во Абу Даби ќе се започнат преговори за тоа.

bolidНа последната трка сезонава доаѓа и првиот човек на Мерцедес Дитер Зиче, што германскиот дневник го гледа како јасен знак за почетокот на крајот на соработката меѓу МекЛарен и Мерцедес која во сопствеништво од 40 проценти ја има фирмата на британската екипа.

Германскиот произведувач на автомобили неофицијално сака да воспостави поблиска соработка со БраунГП кој оваа сезона доминираше на Ф1-патеките. Тоа би значело и прекинување на соработката со МекЛарен и покрај тоа што договорот трае до крајот на 2011-та година.

Шефот на спортскиот оддел на Мерцедес Норберт Хауг засега ги отфрла медиумските шпекулации, но од неговите зборови може да се почувствува дека во Абу Даби ќе се водат сериозни разговори за иднината на МекЛарен и Мерцедес.

„Ако сакаме да направиме нешто, МекЛарен мора да се сложи со тоа, а доколку МекЛарен сака да направи нешто, ние мора да се сложиме со тоа. Можам само да ви потврдам дека имаме договорено долгорочна соработка. Сето останато е само шпекулација која не сакаме да ја коментираме.“ – изјави германецот.

{loadposition content9}