Skip to main content

Развој на планински туризам

Десет години се најавува изградба на ски центар на Јабланица

Десет години се најавува изградба на ски центар на Јабланица, но денес оваа идеја е само на проект. Од хотелската асоцијација велат потребна е изградба на ски центар за збогатување на понудата и развој на туризмот преку целата година.
 |  инфодеск  | 
Јабланица

Десет години се најавува изградба на ски центар на Јабланица. Изготвени се два мега проекти за кои се потрошени илјадници евра, но тие до денес останаа во фиока, само на хартија. Физибилити студиите покажаа дека теренот е идеален, има снег од декември до мај.

Од хотелската асоцијација ХОТАМ велат потребна е изградба на инфраструктура, а потоа привлекување на странски и домашни инвеститори за развој на планински туризам.

Дупли проекти се прават. Проекти имаме, а немаме инвеститори, немаме инфраструктура до тие места. Мислам дека логички не треба многу прво треба инфраструктура да се направи за било кој ски центар и да се направи една убава жичарница, терените и да се дадат тие локации – вели Крсте Блажески, претседател на хотелската асоцијација ХОТАМ.

Крсте Блажески

Туристичките работници велат потребна е изградба на ски центар за збогатување на понудата и развој на туризмот преку целата година.

Да не заборавиме дека тие скијачки центри не се само за три месеци, туку последниве години се користат за летен одмор, спортски туризам, здравтсвен туризам и се посетени во текот на целата година – додава Блажески.

Јабланица

Агенцијата за странски инвестиции и промоција лани презентираше проект за изградба на скијачки патеки на планината Јабланица со должина од 85 километри во близина на Лабуништа, а проект за изградба на скијачки центар со викенд населба и хотели кај месноста Јанков камен над Вевчани е изработен и чека реализација повеќе од десет години.

Јабланица
Јабланица

Новинар : Соња Рилковска