Skip to main content

Реагираат охриѓани

Во близина на Самоиловата тврдина се гради објект без дозвола

Наши сограѓани реагираат на новиот објект од цврста градба кој според нив се гради без дозвола во непосредна близина на Самоиловата тврдина.
Дивоградба

На 30 метри од влезот на Самоиловата тврдина, се гради објект од тврда градба без дозвола, реагираат наши сограѓани во рубриката „Ти си твојот град“.

Дивоградба

Првично на 26.01.2023 направено е ископување на земја од минимум 3 метра во длабочина, а во тој дел на градот без претходно археолошко истражување не може да започне ни дозволена градба, а не пак дивоградба. На 27.01.2023 на терен излегол вработен од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, и го документирал местото со фотографии. На 01.02.2023 започнато е со градба, цементирани се стопи и потпорен ѕид. Градежните работи продолжија и во наредните денови. Во непосредна близина на дивоградбата е Fort café, чиј сопственик е нарачател на ова диво градење на неколку метри до еден од најрепрезентативните споменици – Самоиловата тврдина. Случајот е пријавен во сите надлежни инспекции– велат граѓаните.

Дивоградба

Додаваат дека во услови кога Охрид како град под заштита на Унеско, посебно стариот дел на градот, каде на само 30 метри од влезот на Самоиловата тврдина се гради ваква градба без дозвола, со што уште толку се прекршуваат правилата и прописите дадени од Унеско за заштита на културното и историско наследство што ги има Охрид, кои се од непроценлива вредност за Охрид и Република Македонија.

Дивоградба
Дивоградба
Дивоградба
Дивоградба
Дивоградба