ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Ц.(54) од струшкото село Октиси, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување службена исправа”.
Тој, во својство на службено лице референт по сеча и дотур во ЈП „Национални шуми”- Подрачно шумско стопанство „Јабланица” Струга, на 01.11.2022 изготвил испратница со невистинита содржина, ја заверил со службен печат, внесувајќи во неа невистинити податоци за бесправно исечено огревно дрво. Со тоа, пријавениот им овозможил на физички лица од Струга продажба на буково огревно дрво и противправна имотна корист од 40.000 денари – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.