Последици од разорниот земјотрес
Бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 17 000
Бројот на загинати лица во разорниот земјотрес кој во понеделникот ги погоди Турција и Сирија сега изнесува 17 176, објавија властите.
Според податоците на властите од Турција и во Сирија, бројот на загинати сега изнесува најмалку 17.176.
Бројот на жртви во Турција се искачи на 14.014 – рече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во текот на посетата на погодените подрачја во јужниот град Газиантеп.
Вкупниот број на смртни случаи во Сирија изнесува најмалку 3.162, вклучувајќи 1900 во подрачјата кои се под контрола на бунтовниците на северозападниот дел, и 1262 смртни случаи кои се под контрола на Владата.


