Затекнат непосредно по извршеното кривично дело
Приведен крадец во Струга
Крадецот бил затекнат при излегување од куќа, каде што претходно извршил тешка кражба, при што одзел пари и разни предмети.
Во Струга во 03:50 часот на улица „Скопска“, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода М.Р.(28) од Република Албанија, информираат од МВР.
Тој бил затекнат при излегување од куќа, каде што претходно извршил тешка кражба, при што одзел пари и разни предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


