Управа за електронско здравство
МЗ : Мој термин функционира непречено
Националниот систем за електронска евиденција во здравството, „Мој термин“, функционира непречено, информираат од Управата за електронско здравство.

Од Управата за електронско здравство информираат дека националниот систем за електронска евиденција во здравството, „Мој термин“, функционира непречено.
Пациентите можат континуирано да се лекуваат во сите здравствени установи и матичните лекари можат да вршат секојдневни прегледи, да издаваат упати и рецепти, кои се подигнуваат во аптеките без застој – се наведува во соопштението.


