Казино на улицата 15 корпус
Две лица нападнале кавадарчанец во Струга и му одзеле 11 000 денари
Пред казино на ул. „15 Корпус“ во Струга, две лица физички нападнале жител на Кавадарци и му одзеле 11 000 денари.
На 12.02.2023 година во 05:30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека, Е.В.(38) од Кавадарци, пред казино лоцирано на улицата „15 корпус” во Струга, бил физички нападнат од две непознати лица кои му одзеле 11000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите по што ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


