Свр билтен
Нарушен јавниот ред и мир во Издеглавје
73-годишен жител на Издеглавје се однесувал агресивно и упатил закани кон 37-годишен маж од истото село, со што го нарушил јавниот ред и мир.
На 11.02.2023 година во 17:30 часот, во селото Издеглавје, општина Дебрца, нарушен е јавниот ред и мир со карање, агресивно однесување и закани упатени од Д.Т.(73) кон М.С.(37), двајцата од истото село, се вели во соопштението на СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.


