На 12.02.2023 година во 01 часот во СВР Охрид приведен е И.Г.(38) од Охрид.
Тој претходно во казино лоцирано на улицата „Абас Емин” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон присутните гости, а потоа и кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.