Кими во Ф1 само со Мекларен
Пилотот на Ферари, Кими Раиконен призна денес во Абу Даби, дека единствената шанса да вози во Ф1 е тимот на Мекларен.
Финецот го напушта Ферари на крајот од оваа сезона, откако италијанците ги сакаат Фернандо Алонсо и Фелипе Маса. Според Ајсмен, варијантата Тојота не ни стои на дневен ред.
„Не сме дискутирале за Тојота. Доколку сакам да возам во Формула 1, единствена опција ми е Мекларен. Во текот на следните неколку денови се ќе биде јасно. Ќе видиме што ќе биде. Можам да возам дури и во рели трки, незнам има многу можности. Ќе го направам она што сакам, дури и можам да се одморам една година“, призна Раиконен.
Сега пред Тојота нема многу опции откако се очекува Трули да премине во Лотус а Глок во Рено кај Кубица. Ковалаинен исто така не е опција на Тојота исто како и Адриан Сутил.
{loadposition content9}