Skip to main content

Земјотрес турција и сирија

Знамињата во Македонија денеска на пола копје

13-ти февруари прогласен за ден на жалост за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Република Турција и Сирија.
 |  инфодеск  | 
Знаме

Владата донесе одлука со која 13-ти февруари, понеделник, е прогласен за ден на жалост на Република Северна Македонија.

Одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција и во Сирија, на 6-ти февруари 2023 година. 

За време на денешниот ден на жалост, знамето на Република Северна Македонија, ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство.