На ФТУ Охрид се одржаа серија на стручни предавања на учениците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ Охрид.
Предавањата се резултат на долгогодишната соработка помеѓу овие две институции, иницирана од страна на проф. д-р Александар Трајков и проф. Горан Попоски.

Предавањата беа одржани од страна на доц. д-р Бојан Србиноски и проф. д-р Александар Трајков, а паралелно, деканот на ФТУ Охрид, проф. д-р Снежана Дичевска оствари средба со претставници на училиштето на која беа договорени и други форми на соработка.
