Временска прогноза
Следува период на стабилно и потопло време
Во среда максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени, во четврток од 9 до 15 степени, во петок 11 до 18 степени, во сабота од 10 до 17 степени, а во недела од 11 до 18 степени.
| инфодеск | Македонија
Следува период на стабилно и потопло време со повеќе сончеви периоди. Порастот на дневните температури ќе се задржи до крајот на оваа недела, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2 степени, а максималната ќе се движи од 5 до 13 степени.
Во среда максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени, во четврток од 9 до 15 степени, во петок 11 до 18 степени, во сабота од 10 до 17 степени, а во недела од 11 до 18 степени.