Skip to main content

Ухмр

Намален водостојот на Охридското езеро

Резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека водостојот на Охридското езеро е намален за еден сантиметар.
 |  инфодеск  | 
Охрид

За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за 22 сантиметри понизок од просечниот за февруари. Пониско од просечното и тоа за 1,88 метри е и нивото на Преспанското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,53 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Нивоата, пак, на повеќето реки во земјава најчесто се малку пониски од просечните со исклучок на реката Брегалница на мерното место кај Берово каде водостојот е за шест пати понизок од просечниот и Сатеска кај Ботун каде нивото е за повеќе од четири пати пониско од просекот за февруари.