Во неговиот дом пронајдени куршуми
Кривична пријава за 20-годишен жител на Велешта
20-годишен жител на Велешта доби кривична пријава. Полицијата во неговиот дом пронајде 4 куршуми боева муниција со различен калибар.
Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.И.(20) од струшкото село Велешта.
При претрес, извршен по судска наредба во неговиот дом, полициски службеници пронашле 4 куршуми боева муниција со различен калибар што неовластено ги поседувал – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


