Врз основа на Меморандумот потпишан од страна на Државниот архив и Струшки вечери на поезијата, а со огромна поддршка од директорот Емил Крстески и раководството на Архивот, охридскиот архив започнува со дигитализација на фондот „Струшки вечери на поезијата” со гранични години 1963-1990, со 50 архивски кутии.
Проектот е во целост во рамки на Државниот архив и подрачното одделение Охрид при што на дигитализација работат архивистите Викторија Костоска, Елизабета Јованоска, Едис Абди, Мартин Ристески, Сеадете Османи.
Со овој проект преку дигитализација трајно би се заокружила и зачувала досегашната светска традиција на СВП.