Градоночалникот Кирил Пецаков, со својот тим изврши обиколка на градежните зафати кои се реализираат во основните училишта на територија на Општина Охрид.
Во ООУ „Григор Прличев“ во Рача се изврши адаптација и реконструкција на санитарните јазли. Вредноста на овој зафат изнесува 179.773,oo денари.
Во ООУ „Братство Единство“ Лескајца се изведе нова електрична инсталција во вредност од 824.188,00 денари и се реконструираја тоалетите во вредност од 1.313.600,oo денари. Тука се изврши и санација на водоводна и одводна мрежа во износ од 624.173,ооо денари.
Во ООУ „Кочо Рацин“ Лакочереј се изврши оградување на дврот со жица во вредност од 40.000,oo денари, потоа се изврши нивелирање на подовите во тоалетите во вредност од 100.000,oо денари и се променија одводните и доводните цевки во вредност од 30.000,oo денари.
Во ООУ „Ванчо Николески“ Косел се реконструираа тоалетите во вредност од 461.052,oo денари и се изгради настрешница во вредност од 65.000,oo денари.
Во ООУ „Ванчо Николески“ Куратица се реконструираа олуците во вредност од 90.000,оо денари.
Во ООУ „Ванчо Николески“ Лескоец се реконструира влезот на училиштето во вредност од 60.000,оо денари.
Во ООУ „Св. Наум Охридски“ Пештани се изврши молерисување и санација на ѕидовите во вредност од 70.000,оо денари.
Во ООУ „Св. Наум Охридски“ Коњско се промени внатрешната дограма во вредност од 50.000,оо денари.
Во ООУ „Живко Чинго“ Велгошти се огради училишниот парк и се постави влезна врата во вредност од 215.000,оо денари.
Вкупно во овие основни училишта досега се инвестирани околу 3.298.598,oo денари средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Во изминатиов период или во моментов речиси во сите образовни институции се вршат градежни зафати.